Фетел откри зошто си заминува од Ферари

Германецот Себастија н Фетел, кој од петок ќе ја почне својата последна сезона со Ферари, во четвртокот кажа дека не му бил понуден нов договор, па така се открива зошто го напушта досегашниот тим.

Германскиот возач, кој слави 33. роденден, кажа дека го изненадил повикот од Матија Биното, кој му кажал дека Ферари нема намера да му го продолжи договорот.

„Никогаш не почнавме преговори затоа што немаше понуди, па така немаше за што да разговараме“, кажа Фетел.

Голем број медиуми објавија дека двете страни не можеле да се договорат околу платата на поранешниот светски шампион.