Ферстапен со расистички навреди кон Перез ги налути фановите на Ф1 (ВИДЕО)

Трката во Португалија ќе се памети по историскиот успех на Луис Хамилтон, кој го мина легендарниот Михаел Шумахер по број на победи во Формула 1, но го одбележа и еден инцидент при што Макс Ферстапен го навреди неговиот ривал Серхио Перез.

Ферстапен расистички го навредил Перез, при што тоа предизвика бура од реакции кај фановите на „најбрзиот циркуз“ во светот.

„Шокирани сме и разочарани затоа што Формула 1 не презема нешто за овој потег. Овој термин кој се користи често за луѓе со Даунов синдром, Светската здравствена организација го исклучи уште во 1965 година зашто беше навредлив за сите кои имаат потекло од Монголија“, пишуваат фановите, при што се бара казна за Ферстапен.