Ферстапен се разболел пред трката во Саудиска Арабија

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен се разболел пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија, која се вози идниот викенд.

Ферстапен во изминатите денови имал проблеми со стомачен вирус, па поради тоа го одложи патувањето во Саудиска Арабија.

Со согласност на ФИА, Ферстапен доби дозвола да го пропушти медиумскиот ден во четврток, по што се очекува да пристигне во петок и веднаш да се појави на тренинзите.

„Повторно се чувствувам добро, откако не бев во форма неколку дена поради стомачен вирус. Поради тоа, за жал, мораше да го одложам летот за еден ден. Се гледаме во Џеда“, напиша Ферстапен.