Ферстапен: Ова не е нормално, многу се 24 трки во сезона!

Во 2024 година најверојатно ќе се возат 24 трки во Формула 1, а тоа не му се допаѓа на актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.

Холанѓанецот се спротистави на идејата да се возат голем број трки во тек на една сезона затоа што тоа имало негативно влијание врз возачите.

„Чувствувам дека ја преминавте границата, ова не е нормално. Знам дека сум млад, но не би можел да возам уште 10 години ако има по 24 трки секоја сезона. Станува збор за квалитет, а не за квантитет“, кажа Ферстапен.