Ферстапен откри до кога ќе остане во Ред Бул

Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен кажа дека има намера да остане во Ред Бул до крајот на договорот, односно до 2028 година, иако се шпекулираше дека би можел да потпише за Мерцедес.

Ферстапен му се заблагодари на директорот на Мерцедес, Тото Волф за пофалните зборови, но тоа нема да го убеди да се пресели во поранешниот шампион во конструктори.

„Како што кажав и претходно, среќен сум во Ред Бул. Многу е важно да ги задржиме главните луѓе во тимот што е можно подолго. Планирам да останам до крај на договорот“, кажа Ферстапен.