Ферстапен меѓу последните ќе тргне на „Интерпелагос“!
Холанѓанецот ќе биде поместен 20 позиции наназад во однос на пласманот што ќе го оствари во квалификациите. Неговата конечна стартна позиција ќе зависи од резултатот во борбата за пол-позицијата.
Патеката „Интерлагос“ е позната како едно од најдобрите места за отслужување казни поради промена на делови од погонската единица, бидејќи овозможува можности за претекнување. Ферстапен има одлични спомени од Сао Паоло, каде што пред две години приреди еден од своите најдобри настапи. Тогаш тргна од 17. позиција, но успеа да стигне до победата.
Покрај него, казни ќе добијат и возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер, кои ќе бидат поместени по 10 позиции наназад. Дополнително, уште претходно беше потврдено дека Џорџ Расел од Мерцедес ќе добие казна од пет места поради промена на одредени компоненти од погонската единица.
Квалификациите на „Интерлагос“ се закажани за 18:00 часот, додека Големата награда на Бразил ќе стартува во истиот термин во недела.