Пионерите во Подгорица подобри од Косово!

По поразот од Црна Гора во вчерашниот натпревар, македонските ракометни пионери денеска во вториот натпревар против Косово стигнаа до првата победа на Челинџ купот У16 во Подгорица.

Македонските млади ракометари одиграа борбен натпревар кој беше неизвесен до самиот крај и славеше победа со 35-33.

Следниот турнир на кој Македонија ќе биде домаќин е закажан од 6 до 8 јануари и на него повторно ќе учествуваат Црна Гора и Косово.