Само бод за Пелистер во Гевгелија, Охрид и Работнички сигурни

Eкипата на Кожуф приреди големо изненадување во денешните натпревари од ВМФЛ и успеа да остане непоразена во дуелот со Пелистер одигрувајќи 1-1.

Не изгледаше дека во Гевгелија ќе има изненадување кога искусниот Кире Ристевски по 20 минути игра ја погоди мрежата за водство на битолскиот состав. Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме, па Пелистер на одмор замина со водство.

Конечниот резултат беше поставен во почетните минути од вториот дел кога Боев шутираше и го совлада Димовски.

Охрид го искористи киксот на Пелистер и лесно се справи со Камјани славејќи со 4-0, па така сега охриѓани на врвот ќе имаат предност од два бода.

Сигурна победа забележа и Работнички кој беше подобар на гости кај Осогово со 3-0.

Останати резултати:

Беласица – Шкупи 2-0

Детонит – Брера 1-0

Новаци – Македонија Ѓорче Петров 2-0

Тетекс – Горно Лисиче 4-0