Aрсен Венгер влегува во претседателската трка за ФИФА?

Легендарниот француски стратег Арсен Венгер сериозно размислува да се кандидира за претседател на ФИФА на претстојните избори, со што би можел да му застане на патот на актуелниот прв човек Џани Инфантино.

Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, кој во моментов ја извршува функцијата директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, сè уште нема донесено конечна одлука. Сепак, според пишувањата на францускиот весник „Л'Екип“, Венгер е сè поблиску до вклучување во изборната трка.

Конечниот одговор се очекува во средината на следната недела, откако Французинот ќе одржи неколку состаноци на кои соговорниците ќе се обидат дополнително да го убедат да ја прифати кандидатурата. Неговото големо реноме и меѓународното искуство би можеле да бидат клучни за обединување на фудбалските федерации кои не се согласуваат со актуелното раководство.

„Л'Екип“ наведува дека Венгер ужива голема популарност во Африка и Азија, а дополнителна поддршка би можел да добие и поради фактот што не доаѓа од круговите на УЕФА. Наводно, неговата кандидатура ја поддржува и дел од вработените во самата ФИФА.

Со оглед на тоа што има 77 години, се проценува дека доколку победи, Венгер најверојатно би се задржал на претседателската функција само еден четиригодишен мандат.

Легендарниот француски стратег Арсен Венгер сериозно размислува да се кандидира за претседател на ФИФА на претстојните избори, со што би можел да му застане на патот на актуелниот прв човек Џани Инфантино.