Непријатна сцена во Србија: Фудбалер додека славеше си ја скрши ногата (ВИДЕО)
На средбата беа постигнати дури пет гола, а Омладинац трипати доаѓаше до водство, но гостите успеваа да се вратат и да израмнат. Конечниот удар го зададе Жакула, кој по еден корнер најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и погоди за 3-2 во самиот финиш.
Но, радоста на домашните фудбалери набрзо беше засенета од сериозната повреда на Стефан Станојевиќ. Додека неговите соиграчи го прославуваа решавачкиот погодок, Станојевиќ се лизна и при падот ја скрши ногата.
Од клубот објаснија дека теренот бил влажен, а копачката на фудбалерот се заглавила во една дупка во земјата, по што дошло до тешката повреда.