Ферстапен ќе тргне последен на трката во Русија

Овој викенд се вози трката за Големата награда на Русија, а на првиот тренинг најбрз беше Валтери Ботас од Мерцедес, по што следеше неговиот колега Луис Хамилтон, додека во топ-3 заврши Макс Ферстапен.

Меѓутоа, откако заврши тренингот, Ред Бул реши да направи промена на болидот на Ферстапен и да го промени моторот, а поради тоа ќе мора возачот да тргне од последната позиција на трката без разлика каков резултат ќе има во квалификациите.