Ферстапен го искористи подарокот од Леклер и лесно ја освои Барселона!

Актуелниот светски шампион во формула 1-шампионатот, Макс Ферстапен (Ред Бул), победи на денешната трка за Големата награда на Шпанија што се возеше на патеката „Каталуња“ во Барселона, со што се искачи на врвот од табелата на најдобрите возачи во генерален пласман.

Холанѓанецот максимално го искористи подарокот од најголемиот ривал сезонава, Шарл Леклер од тимот на Ферари, кој тргна од првата стартна позиција и имаше удобно водство сѐ до 28 круг, кога мораше да се откаже поради механички проблеми на болидот. Ферстапен до триумфот дојде и покрај излетувањето на песокот, што што едвај се врати на патеката, нешто што му се случи и на Саинц, а во текот на трката остана и без ДРС-забрзувањето.

На подиумот се најдоа уште Перес, кој доби дополнителен поен поради што имаше најбрз круг и Расел, додека зад нив завршија Саинц и Хамилтон, кој до оваа позиција дојде откако претходно падна дури до 19. позиција по блиската средба Магнусен. Најдобрите десет на трката во Барселона ги комплетираа Ботас, Окон, Норис, Алонсо и Цонуда.