Фернандо Алонсо добил понуда од Ред Бул, но експресно ја одбил

Тимот на Ред Бул му го понудилe местото на Пјер Гасли на двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо. Тоа се случило за време на Големата награда на Велика Британија оваа година, но биле одбиени, тврди шпанско издание „Мундо Депортиво“.

Алонсо се повлече од Формула 1 на крајот на 2018 година, но неговото враќање се уште се смета за можно во 2020 година.

Иако од Ред Бул до неодамна изјавуваа дека нема да го заменат Пјер Гасли среде сезона, тоа сепак се случи неколку дена по одржувањето на трката за Големата награда на Унгарија. На крајот, Гасли е заменет со Александар Албон, кој до сега ги бранеше боите на Торо Росо.

Според „Мундо Депортиво“, не Алонсо, туку Ред Бул први оствариле контакт со него.

Ова не е првпат Алонсо да се поврзува со австрискиот тим. Адријан Њуи откри дека тие биле близу до негово привлекување во 2007 година.