Фантастична трка на Силверстоун: Ринс го премина Маркез во последен момент (ВИДЕО)

Марк Маркез го доживеа вториот пораз во последните метри на една трка, откако во Силверстоун беше преминат од Алекс Ринс.

Возачот на Сузуки го премина Шпанецот во последните метри пред целта, а на подиумот се качи уште и Маверик Вињалес, додека легендарниот Валентино Роси заврши како четврти.

Во генералниот пласман на Мото ГП лидер е Маркез со убедливи 250 бодови.