Ф1 официјално го намали максималниот буџет на тимовите за 2021 година

Формула 1 тимовите во 2021 година ќе имаат намален буџет од 145 милиони долари, што е за 30 милиони помалку од претходно предвиденото. 

Коронавирусот придонесе оваа сезона 2020 да не стартува и најверојатно ќе се одржат само неколку трки, па тимовите веќе трпат големи финансиски загуби. Поради ова намален е максималниот буџет што еден тим може да го има за следната година.

Новиот изглед на болидите што требаше да биде применет во 2021 година е поместен за 2022 година.

Денеска е донесена уште една значајна измена во правилата што се однесува на 2021 година и употребата на новата шасија на болидите. Според новиот договор, тимовите од долниот дел од конечниот поредок во конструкторите ќе добијат повеќе време аеротунелот за развивање на аеродинамиката на својот болид за следната сезона.

Се очекува овој потег да ги доближи тимовите еден до друг во развојот и да спречи оние побогатите со поголеми ресурси да направат значаен исчекор во однос на помалите тимови.