Еден-два за Мекларен во Монца, незгоден судир меѓу Хамилтон и Ферстапен (ВИДЕО)

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо победи на трката во Монца, откако имаше одличен старт и го премина Макс Ферстапен, кој пак не стигна на целта поради инцидентот со Луис Хамилтон, кој можеше да има фатални последици за Британецот.

Трката на Монца ја одбележа инцидентот меѓу Хамилтон и Ферстапен, кога болидот на Ред Бул се заврши над Мерцедесот, но за среќа хало-системот му го спаси животот на актуелниот светски првак.

До крајот на трката Рикардо во ниту еден момент не му дозволи на тимскиот колега Ландо Норис да му се приближи, па така ова беше еден-два победа за Мекларен, додека по нив заврши Серхио Перез, кој поради казната ќе падне зад Валтери Ботас и Шарл Леклер.