Хало-системот го спаси Хамилтон по судирот со Ферстапен (ВИДЕО)

Двајцата главни борци за шампионската титула во Формула 1, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен имаа незгоден судир во Монца, при што болидот на Ред Бул се качи врз Мерцедесот, а благодарение на хало-системот британскиот возач остана неповреден.

Ситуацијата можеби на прв поглед не изгледаше страшно, но на повторената снимка може да се забележи како болидот на Ред Бул се качува врз тој на Мерцедес, при што се крши, а хало-системот го спаси Хамилтон.