Ботас со победа ја стартуваше новата сезона, Хамилтон му го подари второто место на Леклер

Пилотот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас, со победа ја стартуваше новата сезона во Формула 1, откако денеска во крајно возбудлива трка со многу откажувања славеше пред својот клупски колега и актуелен шампион – Луис Хамилтон.

Со оглед на казната од пет секунди за Луис Хамилтон од страна на стјуардите, Британецот мораше да се задоволи само со четврото место, бидејќи на неколку круга до крајот имаше мал судар со пилотот на Ред Бул, Александер Албон, кој се изврте и падна неколку места потоа.

Ни крив ни должен, второто место на подиумот му припадна на Шарл Леклер, додека трет заврши пилотот на Мекларен Ландо Норис. Од останатите возачи, Саинц заврши петти, шестото место му припадна на Серхио Перез, седми беше Пјер Гасли, осми беше Естебан Окон, деветти Џовинаци, додека најголемото разочарување го имаше Себастијан Фетел, кој заврши дури десетти. 

Инаку, на оваа трка, прва сезонава поради пандемијата на коронавирус, имаше многу откажувања, дури девет, а меѓу нив беше и Ферстапен, кој поради проблеми со моторот мораше да ја заврши трката во 12-иот круг.

Следната трка ќе се вози повторно во Австрија за седум дена.