Ботас: Ситуацијата со Хамилтон е комплицирана, јас продолжувам да се борам!

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, признава дека неговите резултати во однос на тимскио колега Луис Хамилтон оваа сезона не оставаат многу простор за задоволство.

По добриот почеток на сезоната, Финецот во моментов заостанува 62 бода зад Британецот.

Тоа е голем јаз, многу поголем отколку што би сакал. Не можам да сторам ништо околу тоа. Не сакам да размислувам за тоа сега. Јас ќе продолжам да се борам, но ситуацијата е комплицирана, изјави Ботас.

Во поредокот во шампионатот Формула 1 лидер е Хамилтон со 250 бода, Ботас е втор со 188.

Досега се извозени 12 трки, остануваат уште девет до крајот на сезоната.