Ботас побрз од Ферстапен и Перез за триумф во Турција

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас возеше одлична трка за Големата награда на Турција и на крајот успеа да слави пред двата возачи на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез, додека Луис Хамилтон заврши на петто место.

Ботас водеше од почетокот на трката, освен во моментот кога влезе во бокс за да ги промени гумите, при што водството го презема Шарл Леклер од Ферари, но таму не остана долго затоа што во завршницата возачот на Мерцедес повторно го презема лидерското место.

Ферстапен заврши на втората позиција од која тргна и на патеката, додека на подиумот имаше место и за Перез, четврти е Леклер, по што следат Хамилтон, Гасли и Норис.

Одлична трка имаше и вториот возач на Ферари, Карлос Саинц кој тргна како претпоследен, а на крајот ја освои осмата позиција.