Ботас казнет со пет позиции за следната трка поради предизвиканиот инцидент

Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас доби казна од пет позиции за следната трка во Формула 1, откако денеска предизвика инцидент со карамбол на стартот на трката за Големата награда на Унгарија на легендарната „Хунгароринг“.

Според организаторите и стујардите, Ботас можел да го избегне инцидентот и затоа е казнет, а Финецот удри во Ландо Норис, по што предизвика карамбол во кој од болидот на Норис настрада Макс Ферстапен (Ред Бил), кој како десети ја заврши трката возејќи со оштетен болид, а Серхио Перез (Ферари), Ланс Строл (Астон Мартин) и Шарл Леклер (Ферари) ја завршија трката на стартот, како и самиот Ботас.

Со овој потег, несакајќи, Ботас му помогна на Луис Хамилтон да се врати на лидерското место во генералниот пласман, а во Ред Бул повторно ќе бидат бесни на возачите на Мерцедес, откако Хамилтон на претходната трка во Силверстоун го истурка Верстапен на стартот на трката.

Следната трка е на 29 август во Белгија на СПА-Франкошамп.