Болидите на Ферари најбрзи и на вториот тренинг пред трката во Сингапур!
Саинц беше за само 0,018 секунди побрз од клупскиот ривал, додека третото место на овој тест пред задутрешната главна пресметка го освои Џорџ Расел во Мерцедес, пред Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Луис Хамилтон (Мерцедес) и Лендо Норис (Мекларен).
Серхио Перез беше седми пред својот колега Ферстапен, а и двајцата возачи се пожалија на проблеми со стабилноста на болидот при сопирање. Кевин Магнусен беше деветти за Хас, а Валтери Ботас за Алфа Ромео ја комлетираше најдобрата десетка.