Бецеки за првпат победи на Муџело и ја зголеми предноста на врвот

Maрко Бецеки ја зацврсти лидерската позиција во генералниот пласман откако победи на денешната трка во Муџело за Големата награда на Италија.

За Италијанецот ова беше прва победа во кариерата на оваа патека, но воедно и прва победа на тимот на Априлија тука. Од друга страна Бецеки дојде до четвртиот триумф сезонава, а го оствари со три секунди подобро време од Хорхе Мартин.

Третото место му припадна на Франческо Бањаја кој ја доби борбата со Аи Огура.

Во генералниот пласман Бецеки сега има 173 бода, 17 повеќе од неговиот тимски колега Хорхе Мартин.

Фото: Moto GP