Бастијанини победи во Малезија, Бањаја остана на врвот

Трката за Големата награда на Малезија му припадна на Енеа Бастијанини, кој ја чуваше лидерската позиција во текот на цела трка и заслужено го крена пехарот за најдобар на патеката „Сепанг“.

Зад Бастијанини заврши Алекс Маркез од Гресини, додека третата позиција му припадна на актуелниот светски шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја од Дукати.

Бањаја останува на првата позиција во генералниот пласман со 14 бодови повеќе од најголемиот ривал за титулата, Хорхе Мартин.

До крајот на шампионатот останаа уште две трки, а следната се вози идниот викенд во Катар.