Бањаја со шампионско возење ја почна новата сезона во Мото ГП!

Стартуваше новата сезона во Мото ГП шампионатот, првата трка беше слична како поголемиот дел од минатата сезона, шампионот Франческо Бањаја тргна со победа.

На патеката „Лосаил“ во Катар, Бањаја со својот Дукати имаше шампионски настап, од четвртата кривина ја зазема првата позиција и ја задржа до самиот крај.

На второто место со 1,3 секунди заостанување заврши Биндер кој водеше голема битка со Мартин за второто место. На крајот двајцата се најдоа на подиумот.

Поранешниот шампион, Марк Маркез кој првпат возеше Дукати, го освои четвртото место.

Меѓу најдобрите десет беа и Енеа Бастијанини, Алекс Маркез, Фабио Ди Џанантонио, Алеш Еспаргадо, Педро Акоста и Маверик Вињалес.