Бањаја ќе тргне од пол-позиција во Холандија

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата во Асен пред утрешната трка за Големата награда на Холандија, откако оствари време 1.31.504.

Зад него остана лидерот во шампионот и бранител на титулата, Фабио Квартараро со неговата Јамаха со време 1.31.620.

Од третата позиција ќе тргне уште едно Дукати, и тоа на Хорхе Мартин, кој постави време од 1.31.708.

Трката во Холандија се вози в недела од 14 часот.