Алфа Таури останува со Цунода и за 2023, но неговиот колега е неизвезсен

Јапонскиот возач Јуки Цунода ќе остане во болидот на Алфа Таури и следната сезона во Формула 1 шампионатот. 

Цунода со тоа ќе комплетира три години во италијанскиот состав, кој е филијала на Ред Бул. Талентираниот 22-годишник досега има освоено 43 поени во неговата Ф1-кариера, 32 ланската сезона и засега 11 во 2022 година. Во Алфа Таури веруваат дека Јапонецот може дополнително да напредува, а и самиот се чувствува како дома откако решил да се пресели во Италија за да биде поблиску до седиштето на тимот во Фаенца.

Засега не е јасно, кој ќе биде тимски колега на Цунода во Алфа Таури. Пјер Гасли е на излезни врати, кој би можел да вози за Алпин следната година, а тимот како потенцијална негова замена го гледа Американецот Колтон Херта. Возачот од Инди Кар серијата, но проблем претставува фактот што Херта не може да добие Супер лиценца од ФИА за да се натпреварува во Формула 1, бидејќи нема доволно поени.