Зидан во нови проблеми: Реал без две ѕвезди замина за Истанбул

Реал Мадрид не ги воодушеви фановите со своите настапи сезонава, па тие повторно се мачат да ја пронајдат вистинската форма, иако ангажираат голем број засилувања во текот на летото, а нови главоболки за тренерот Зинедин Зидан беа најавени пред мечот против Галатасарај.

„Кралевите“ во саботата загубија од Мајорка со 0-1, па ќе пробаат да го поправат впечатокот на гостувањето во Истанбул, кадешто ќе заиграат ослабени затоа што нема да може да сметаат на две ѕвезди.

Шпанскиот гигант на мечот во Лигата на шампиони нема да може да смета на Герет Бејл и Лука Модриќ, а ниту во елитното натпреварување не се во добра состојба, зашто имаат само еден освоен бод по два одиграни меча.