Зидан „отпиша“ две ѕвезди за дуелот против Манчестер сити (ФОТО)

Реал Мадрид во петок игра на гости кај Манчестер сити во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони, а шпанскиот шампион ќе треба да надокнади негатива од 1-2 од првиот дуел.

Тренерот Зинедин Зидан пред мечот го објави и списокот со фудбалери на кои ќе смета за натпреварот, а сите беа изненадени затоа што на листата се најде Серхио Рамос, кој во првиот меч доби црвен картон и нема право на настап.

Меѓутоа, од Реал објаснија дека Рамос ќе патува со екипата, иако не може да игра затоа што така ќе им даде поддршка. Исто така, ги нема Хамес Родригез и Герет Бејл во екипата за мечот со премиерлигашот.