Зидан го остави Бејл дома во пресрет на гостувањето кај Манчестер сити!

Дека статусот на Герет Бејл во Реал Мадрид е сѐ полош покажува и вечерашната информација од шпанската престолнина дека Велшанецот не е на списокот од 23 фудбалери кои задутре ќе отпатуваат во Англија за реван-дуелот од осминафинбалето во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

„Кралевите“ бркаат негатива од 1-2 по поразот на домашен терен пред стартот на пандемијата со коронавирусот, но тренерот Зинедин Зидан смета дека Бејл нема со што да му помогне во остварувањето на целта. Велшанецот во последно време максимално се глупира, но никако не сака да си оди од таборот на Реал каде што има огромна плата, со уште две години за одработување.

Ваквата одлука на францускиот стратег е уште поболна за репрезентативецот на Велс, ако се знае дека на списокот патници е и капитенот Серхио Рамос, кој е суспендиран и кој нема да може да настапи против Сити.