„За Вардар секој меч е како финале! Скопје е убав, храната е вкусна и пијте - скопско“

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски веќе петта година игра во Шпанија, откако во 2012 година направи трансфер од Работнички во Гранада, а од минатата година е член на Гимнастик. За Македонија брани од 2015 година и веќе има 15 настапи за најсилната селекција.

Димитриевски на Шпанците, во пресрет на утрешниот меч на Вардар со Реал Сосиедад во Лига Европа им објасни кој е најтрофејниот макеоднски клуб, и какво е Скопје каде што два дена ќе претстојуваат околу 300 навивачи на баскискиот тим. На Баскијците им порача дека Вардар не е тим за потценување и дека црвено-црните се одлични дома, а на навивачите им порача да го прошетаат главниот град, да уживаат во храната и да пијат – скопско.

Македонскиот голман за почеток потенцира дека за Вардар секој европски меч е шанса за напредок и дека секој дуел е како финале.

„За Вардар секој меч е како финале и тренерот на Сосиедад ќе згреши ако верува дека лесно ќе минат. Тимови како Фенербахче и Копенхаген веќе загубија во Скопје. Вардар има тим кој сака да игра на контранапади. Тоа е тим со добри играчи, микс на искуство и млади фудбалери. Имаат брзи играчи во нападот, а одбраната им е интернационална и искусна. Вардар е еден од дваја најдобри клубови во Македонија. Шкендија е вториот. Меѓу нив има големо ривлство, тоа е како риваството на Мадрид и Барселона. Тие два клуба се први во Макеоднија, во саботаа играа дерби и победи Вардар со 4-2. Вардар е десеткратен првак, има шест куп-трофеи. Во Вардар знаат дека се во тешка група и не се навикнати да играат среда-недела, но нема што да загубат. Сакаат да направат изненадување. Секој меч за нив во Европа е чекор повеќе за искуство и напредок. Играњето во Европа е голем момент за нив“, вели Димитриевски.

Потенцира дека ракометот е спорт број еден, но со успехот на Вардар во Лига Европа, најважната споредна работа во Македонија многу напредува.

„Македонија е млада земја и во моментов и Првата лига и репрезентацијата сè уште растат. Во Македонија спорт број еден е ракометот. Вардар е европски шампион, во минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, но фудбалот е во голем напредок. Првпат во историјата, сезонава еден тим игра во групи во Лига Европа. Тоа е веќе голем успех за нашиот спорт“, вели Димитриевски.

Тој додава дека утре на Националната Арена „Филип Втори“, Вардар ќе се обиде да го искористи своето најсилно одужје, контранападите и ќе чека секоја грешка на противникот да ја искористи за да ги изненади

„Мислам дека Вардар ќе се брани во блок и ќе се обиде со контранапади. Иако зенит ги уништи во првиот меч, против Фенербахче и Копенхаген тие не примија гол, а победија. Турците беа елиминирани, со Данците им фалеа 15 минути за да ги елиминираат. Да успееа, ќе играа во Лигата на шампионите. Дома Вардар е многу силен, многу ретко губат мечеви на 'Филип Втори'. Играат за да се изборат за најдобриот можен резултат и играат многу добро. Реал Сосиедад е фаворит, има многу квалитетен тим, има интернационалци, но не смее да го потцени Вардар, затоа што скопјани ќе се обидат да ја искористат секоја нивна грешка. Реков, за Вардар секој меч е како финале, иако немаат шанса за да одат во шеснаестинафиналето“, потенцира голманот.

Како прва ѕвезда го посочи Фелипе, а од Македонците издвои тројца играчи

„Во тимот има двајца Бразилци, од кои еден прави голема разлика. Фелипе игра навистина добро, го даде тој гол со Розенборг. Итало е брз напаѓач, кој лесно може да даде гол. Од Македонците има неколку одлични играчи. Бобан Николов, играчот за врска. Тука е Владица Брдаровски, кој во последно време не беше повикуван за репрезентацијата од селекторот Игор Ангеловски (Брдаровски е повреден – н.з.). Дарко Велковски е стопер, со кого играв во Работнички, кога ја почнуваше кариерара“, вели тој.

Во Македонија сите гледаат фудбал на ТВ, вели тој, па на јавноста добро и се познати сите фудбалери од Сосиедад.

„Во Македонија се гледа се на телевизија. Сите ги знаат фудбалерите, најголемиот дел од репрезентативците исто така, затоа што Македонија беше во група со Шпанија. Од Реа најпознат секако е Илјараменди“, потенцира Димитриевски.

За крај на гостите од Баскија им порача да уживаат во Скопје, а тие како големи гастрономи, имаат се на избор за јадење.

„Скопје е поделен на два дела, стар дел и нов дел, каде може да најдете модерни зданија и шопинг-центри. Двата дела се поврзани со Камениот Мост, симболот на градот. Не смее да се пропушти ни центарот на градот, големиот пазар, тврдината Кале, каде може да уживате во убав поглед. Околу храната, јас знам дека Баскијците се гасторноми. За тоа нема да имаат никаков проблем, има се што сакаат, но јас им порачувам да пробаат домашни специјалитети, да пробаат бурек, потоа сирење, многу салати. Пивото е скопско, не е скапо, но е посилно од пивата на кои се навикнати“, заврши Димитриевски.

Комити се страсни како навивачите на Атлетико Мадрид или Севилја

Шпанците ги интересираше какви навивачи има Вардар, а Димитриевски ги посочи најверните вардарови приврзаници како исклучително страсни, кои не запират со пеење и за шпански услови ги спореди со приврзаниците на Атлетико Мадрид и Севилја, кои и се најбучни во Ла Лига

„Комитите се најдобри во Макеоднија. Нивниот стил на навивање е како тој во Кадиз, Севилја или Атлетико Мадрид. Многу страст, постојано ве водат со своите песни низ мечот, ве притискаат постојано. Убава атмосфера прават“, вели Димитриевски.