За него нема дилема: Азар откри кои кандидати ја заслужуваат „Златната топка“

Една од најпрестижните награди во светот на фудбалот - „Златната топка“ за 2019 година ќе биде доделена на 2. декември.

Главни кандидати за освојување се Лионел Меси и Кристијано Роналдо, додека Еден Азар смета дека таа треба да му припадне на еден од играчите на Ливерпул.

„Златната топка“ би ја дал на еден од играчите на Ливерпул. Мане, Салах или Ван Дајк ја заслужуваат. Ако Мане беше шампион на Африка со Сенегал, тогаш немаше да има дилема. Би било убаво тој да ја добие. Или Мо (Салах), кој е една од моите пријатели. Тоа би било добро за африканскиот и англискиот фудбал, изјави Азар за „Ле Парисиен“.

Салах, Мане и Ван Дајк ја освоија Европа со Ливерпул минатата сезона, а ова се на вистинскиот пат да ја донесат титулата од Премиер лигата на „Енфилд“ по цели 30 години.