Комити ќе поминат 6.500 километри со автобус за да го гледаат Вардар!
„Поради лошите авионски конекции и неразумните цени на чартер-летовите, ова гостување останува да го одработиме „олдскул” со автобус“, почнува соопштението на фејсбук-групата Комити-Скопје.
Решиле да пропатуваат, речиси, 3.300 километри во една насока или 6.500 за одење и враќање, што ќе им одземе околу 72 часа од нивните животи, но за нив нема прашање околу приоритетите. Мечот Розенборг - Вардар се игра в четврток, во 19 часот, а Комити за да стигнат тргнаа денеска, околу 11 часот. Ви го пренесуваме целото нивно соопштение.