
Воткинс ја шокира Холандија: Англија ќе се бори за трофејот на ЕП!
Чави Симонс постигна прекрасен гол во седмата минута, но радоста траеше само 11 минути бидејќи судијата Феликс Цвајер покажа на белата точка, по што Хари Кејн стрелаше за 1-1.
Во второто полувреме немаше многу шанси на двете страни, а Англија до поебда стигна дури во 91. минута кога Оли Воткинс ја затресе мрежата на Барт Вербруген.
OLLIE WATKINS WHAT A GOAL ENGLAND 2-1 pic.twitter.com/L3VpETzrNt
— WolfRMFC (@WolfRMFC) July 10, 2024
Финалето на турнирот е закажано за 14 јули, недела, од 21 часот кога ќе се судрат Шпанија и Англија за врвот на Европа.