Властите на Островот се смилуваа: Може да се играат европски мечеви!

Додека Европската фудбалска унија (УЕФА) го разработува планот и до 17 јуни ќе мора да го соопшти како ќе се заврши прекинатата сезона во Лигата на шампионите и Лига Европа, добри вести во Нион дојдоа од Островот, откако властите се смилувале за да дозволат одигрување на европски мечеви.

УЕФА тактизираше со сценариото за доигрување на сезоната, зашто фудбалот во Англија не беше иземен како сектор во кој ќе може да се „прогледа низ прсти“, па странците што ќе дојдат да не одат во 14-дневен карантин. Сепак, сега се случи таа промена откако властите ги релаксираа тие рестриктивни мерки за фудбалот, што значи дека Манчестер сити, Челси, Манчестер јунајтед, Вулверхемптон, како и Глазгов Ренџерс ќе може да се домаќини на своите европски мечеви.

Сепак, дали ќе имаат шанса да играа дома или УЕФА ќе се реши на некое поинакво сценарио, а се најавува опција да се игра сè до крајот на неутрален терен, последен збор ќе имаат во Нион, каде се разработуваат плановите.

Сити во осминафиналето треба да го дочека Реал Мадрид после победата на „Бернабеу“ со 2-1 во првото осминафинале, Манчестер јунајтед е домаќин на ЛАСК во Лига Европа, а Вулверхемптон треба да го угости Олимпијакос во реваншите во второто по ранг натпреварување, кои не се доиграа поради пандемијата