Венгер типува и има два фаворити: ЛШ ќе ја освои клуб кој досега не бил европски првак!

Француската легенда Арсен Венгер, легенадарниот менаџер на Арсенал, кој сега е шеф за развој на ФИФА во пресрет на рестартот на европската сезона во Лигата на шампионите неделава со реванш осминафиналните мечеви, веќе има вои два фаворити и интересно – ниту еден не е клуб кој веќе го освојувач престижниот трофеј.

Французинот типува дека во Лисабон, каде што ќе се одржи скратената сезона со фајнлејт-турнир, Европа ќе добие секако нов европски првак бидејќи актуелниот испадна, но за новиот владетел на Стариот континент тоа ќе биде првпат да ги крене „големите уши“.

„Кога имате по еден меч, макар играте со Аталанта, Атлетико Мадрид, во фудбалот сè е можно. Ама, сепак, мислам дека Манчестер сити и ПСЖ во овој момент за мене се главни фаворити. Реално, и овие два тима квалитативно се послаби во однос на пред две-три години, но мора да се спомене дека и ЛШ тогаш беше посилна. Квалитативно фудбалот е во пад, ама Сити и ПСЖ се меѓу трите најаки екипи во моментов и еден од нив би можел да стане европски првак“, вели Венгер.

Неделава ќе се доиграат четирите заостанати реванши од осминафиналето, по што од идната среда ќе продолжи возбудувањето со четвртфиналињата, а великаните ќе се требат во едната половина од костурот, за разлика од вториот каде сигурно ќе има тим што никогаш не бил европски првак, а ПСЖ и Атлетико Мадрид се главните фаворити од тој дел за финале. Манчестер сити, прво треба да го помине Реал Мадрид, без оглед што има 2-1 од првиот меч, за потоа да се бори за место во финалето и шанса за да го освои трофејот.