Вечниот Модриќ сака да игра на 40 години и да настапи на Мундијалот како член на Реал

Многумина помислија дека со потпишување на актуелниот договор минатата сезона, завршија амбициите на Лука Модриќ и тој може полека да се подготвува за играчка пензија.

Сепак, настапите од почетокот на оваа натпреварувачка кампања, а особено игрите во репрезентацијата каде се уште е главен играч и покрај тоа што има 39 години. Главна цел на Модриќ во моментов е да се избори за продолжување на договорот со Реал на уште една сезона со што би заиграл и во петтата деценија од животото, а во исто време би учествувал на Светското првенство во 2026 како фудбалер на Реал.

Такво нешто би му овозможило на ветеранот да се бори да ја достигне границата од 200 настапи за хрватската репрезентација. Во моментов има 182, но до крајот на годината ќе забележи уште два во Лигата на нации, а во 2025 следуваат квалификациите за Мундијалот и најмалку уште десет настапи.