Вардаровото дете Асани постигна страшен гол за Албанија (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани постигна прекрасен гол за Албанија на натпреварот против Полска (1-0) во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Асани во 37. минута испрати вистински проектил кон голот на гостите и ја затресе мрежата на Војчех Шчесни за водство на Албанците.