
Вардар 22. сезона игра во европските купови, но никогаш досега не се сретнал со швајцарска екипа
Во Скопје гостува Лозана во продолжение на 22. учество на „црвено-црните“ во натпреварувањата на УЕФА. Лозана е 38. ривал на Вардар на европска сцена и интересно е тоа што е негов прв швајцарски ривал во куповите. Генерално, македонските клубови ретко добивале Швајцарци за ривали, Пелистер во 2001 година играше против Сент Гален во тогашниот Куп на УЕФА (пораз со вкупни 3-4) , а во 2006 Работнички играше со Базел во плејофот од истото натпреварување (пораз со вкупни 2-7).
Од 37 противници досега, Вардар најчесто играл со Белгијци и Романци, по три пати. Од белгиските тимови, играше со Динамо Букурешт во 1985, со Рапид Букурешт во 2005 и со Стеауа во 2013 година, додека од белгиските, за противници ги имаше Стандард Лиеж во 2001, Гент во 2004 и Роселаре во 2006 година.
Од пославните клубови со кои досега се сретнале „црвено-црните“, тука се Порто, Бордо, ЦСКА Москва, Рома, Шалке, Фенербахче, Зенит, Розенборг, Сосиедад, спомнатата Стеауа итн.