Уште една потврда на генијалноста: Меси по четири години пак е најдобар стрелец!

Ѕвездата на Барселона, Леонел Меси, доби уште едно признание кое само го потврдува тоа што апсолутно сите го знаат, а тоа дека е еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Аргентинецот по четврти пат ја доби „Златната копачка“ како најдобар стрелец во сезоната 2016/17 со што додаде уште еден трофеј во својата богата колекција. Меси постигна 37 голови на 34 меча во Примера лигата со што беше најдобар стрелец во Шпанија. Претходно, оваа награда ја доби во сезоните 2009/10, 2011/12 и 2012/13.

Зад фудбалерот на Барса се најдоа Баса Доста со 34 погодоци во Примера, Пјер Обамејанг со 31 и Роберт Левандовски со 30 голови во Бундес лигата и Един Џеко со 29 погодоци во Италија.

Кристијано Роналдо сезоната ја заврши со 25 гола и се најде на дури 11. место на листата најдобри стрелци во Европа.