УЕФА нема милост: Партизан плаќа казна и тоа поради децата на трибините!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) парично го казни Партизан за пропустите во организацијата на мечот со АЗ Алкмар во рамки на првото коло од групата Л во Лигата на Европа.

„Црно-белите“ во касата на УЕФА мораат да платат 5.125 евра, поради фрлање на предмети во теренот, а тоа звучи неверојатно поради фактот дека мечот го следеа само деца, кои имаа до 14 години.

Партизан претходно беше казнет со два меча играње пред празни трибини поради „расистичко однесување“ на навивачите.