Тухел откри што подготвува за Црвена Звезда во ЛШ

Денеска во 13 часот беше одржана прес-конференцијата за медиумите за утрешниот дуел од второто коло во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда.

Со новинарите најпрво разговараше тренерот на „Светците“, Томас Тухел, кој најави жесток притисок на својот тим во утрешниот натпревар, како и огромен посед на топката на ПСЖ.

„Мораме да ги притиснеме и да вложиме голем напор, па дури и со 70% од поседот на топката ќе имаме добро движење низ теренот“, вели тренерот на ПСЖ.

Новинарите ги интересираше и дали од првата минута ќе играат Нејмар, Анхел Ди Марија, Килијан Мбапе и Едисон Кавани.

„Би сакал да ги имаме сите четворица заедно, зашто тие веднаш ќе го решат натпреварот. Многу е опасно за противниците да ги имаме сите четири играчи, сепак не можам да ви откријам ништо за утре“, објасни Тухел.