Тухел: Аталанта е спектакуларен тим

Аталанта годинава е најголемото изненадување во Лигата на шампионите откако се пласираше во четвртфиналето. Денешната ждрепка сакаше малиот италијански тим да се сретне со богатиот ПСЖ во битка за пласман во полуфиналето.

На завршниот турнир во Лисабон ќе се игра само еден натпревар, а тоа може да биде предност за Аталанта. Пофални зборови за играта на тимот од Бергамо дојде и од противничкиот тренер Томас Тухел.

„Аталанта е спектакуларен тим“, изјави Тухел за УЕФА. „Тие играат одличен пресинг и постигнуваат многу голови. Мораме да бидеме подготвени и да играме внимателно. Ние сме во четвртфиналето и секако сакаме да го освоиме трофејот“, истакна германскиот тренер.