Трајковски доби шанса од клупа, Хајдук без муниција против Ружомберок

Хрватскиот гигант Хајдук Сплит не успеа да победи на гостувањето кај Ружомберок (0-0) во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Македонскиот напаѓач Александар Трајковски доби шанса кај тренерот Џенаро Гатузо, откако влезе од клупата за резерви во второто полувреме.

Реваншот меѓу Хајдук и Ружомберок се игра на 15 август во Сплит.