Тиквеш е подготвен за историскиот настап во Европа
Кавадаречкиот тим денеска ја одржа прес-конференцијата пред мечот со Бреидаблик, на неа присуствуваа тренерот Ѓорѓи Мојсов и капитенот Александар Вареловски.
„Имаме доволно информации за противникот и мислам дека ако испочитуваме 70 проценти од она што го договараме Тиквеш ќе оди понатаму. Убеден сум дека можеме да поминеме неколку кола, Тиквеш го гледам понатаму и после дуелите се Друта, не само со Бреидаблик. Во Европа клубовите прават муабет за пари, а ние благодарение на градоначалникот Митко Јанчев сме стабилен клуб од финансиска гледна точка и настапот во Европа само дополнително ќе ја подобри ситуацијата“, вели тренерот Ѓорѓи Мојсов.
Капитенот Александар Вареловски вели дека самиот настап во Европа е голема мотивација за фудбалерите, тој е среќен што се игра во вечерен термин.
„Не ни е потребна дополнителна мотивација, самиот настап во Европа е доволна мотивација. Ние сме растоварени од секаков вид на притисок. Ни значи тоа што ќе го играме натпреварот во вечерен термин. Среќен сум што нема да биде екстремно топло“, вели Вареловски.