Тен Хаг по ремито против Порто: Само почекајте, тоа е се што барам

Манчестер Јунајтед вчера одново не успеа да слави, а беше и блиску до пораз од Порто.

„Црвените ѓаволи“ водеа со 0-2 по првите 20 минути од натпреварот, но потоа Порто до крајот на првиот дел дојде до израмнување, а потоа постигна гол и за пресврт.

И по овој пораз Ерик Тен Хаг побара време и порача да не му се суди сега, туку на крајот од сезоната.

„Ќе ја постигнеме нашате цел. Не нè осудувајте сега, туку на крајот од сезоната. Сигурен сум дека ќе бидеме подобри. Зад нас имаме две сезони во кои игравме финалиња. Почекајте, тоа е се што барам“, изјави Тен Хаг по ремито во Португалија.

Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната во Премиер лигата веќе има три порази на шест натпревари, додека Лигата на Европа ја стартуваше со две реми, пред Порто одиграа 1-1 со Твенте. Поради тоа јасно е дека Холанѓанецот е под сериозен притисок.