Вучиќ жестоко удри по фудбалерите на Ц. Звезда поради дебаклот во Милано!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, жестоко ги искритикува фудбалерите на Црвена звезда, најмногу поради нивните изјави по убедливиот пораз на неодамнешното гостување кај Интер (0-4).

Тој не крие дека е голем навивач на црвено-белите, поради што редовно ги следи нивните настапи.

„Се срамам и кога фудбалерите на Ц. Звезда кога губат со 0-4 велат дека не се фасцинирани од тие кои ги прегазиле. Тоа ми изгледа како кога губиш од некого 10 или 15 пати по ред, па кажуваш дека не си импресиониран од тој што те победил толку пати. Тоа е губитничка филозофија“, изјави Вучиќ.

Неговиот коментар се однесува на зборовите на капитенот на Ц. Звезда, Урош Спајиќ, кој по поразот од Интер изјави дека не бил особено импресиониран од играта на италијанскиот клуб.