Серхио Рамос се враќа на големата сцена и тоа првпат во – Серија А!

Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Серхио Рамос, би можел повторно да настапува на големата сцена и тоа во дресот на Јувентус како замена за повредениот Глејсон Бремен.

Бразилецот потешко се повреди во неодамнешната победа кај Лајпциг (3-2) во Лигата на шампионите и за него сезоната е веќе завршена, па челниците на италијанскиот тим се обидуваат да му најдат замена, што не е лесно во овој дел од сезоната. Рамос во моментов е без клуб, откако летово одби понуди од МЛС, Саудиска Арабија и од Бразил.

Ако Шпанецот успее да се договори со составот од Торино за него тоа ќе биде прв настап во Серија А, со оглед што досега во кариерата ги носеше дресовите на Реал Мадрид, ПСЖ и на Севиља.