Македонија У19: Станојковиќ принуден да менува, го повика братучедот на Елмас

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години ја очекуваат квалификациите за елитните квалификации, а турнирот во Луксембург ќе се одржи од 9 до 15 октомври.

Пред почетокот селекторот Вујадин Станојковиќ направи промена во претходно објавениот список па така на местото Андреј Силјановски од Пелистер повикан е Мухамед Елмас од тимот на Гостивар. Силјановски отпадна од комбинација за настап поради повреда.

Покрај Македонија и домаќинот Луксембург на турнирот ќе учествуваат уште Словачка и Летонија.

ГОЛМАНИ:

Славе Вргов   Вардар Неготини

Спаско Ахтаров   Беласица

Амар Хаџибулиќ   Работнички

ОДБРАНА:

Анес Мелиќи   Шкендија

Андреј Велков   А.П. Брера

Наим Синанов   Варнамо, Шведска

Адриан Незир   Верл, Германија

Андреј Љубевски   Работнички

Габриел Крстевски   Пелистер

Нуман Ајетовиќ   Шкупи

СРЕДЕН РЕД:

Давид Ристовски   А.П. Брера

Матеј Гаштаров   Црвена Звезда, Србија

Милот Синани   Ара, Швајцарија

Аљмир Подграѓа   Работнички

Никола Манојлов   Работнички

Урон Алили   Елбасани, Албанија

НАПАД:

Веби Ислами   Шкендија

Димитар Данев   Работнички

Mухамед Елмас  Гостивар

Стефан Младеновски   Црвена Звезда, Србија

Адмир Љатифи   Беса

Јован Бошнаков   Работнички