Црногорскиот „Дракула“ доби жестока казна за гризање противнички фудбалер (ВИДЕО)

Напаѓачот на Престон, Милутин Осмајиќ доби суспензија од осум натпревари откако го гризна за вратот противничкиот фудбалер Овен Бек за време на меѓусебниот дуел во рамките на Чемпионшип.

На сослушувањето во понеделникот, црногорскиот фудбалер ја призна вината, а покрај осумте натпревари што ќе ги преседи, ќе мора да плати и казна од 15 илјади фунти. Инцидентот се случи на дуелот одигран на 22 септември, кога Бек по досуден пенал го собори фудбалерот што сакаше да го изведе ударот од белата точка. Осмајиќ му се прикраде на противничкиот играч и го гризна за врат. Интересно е тоа што двајцата фудбалери наскоро би можеле повторно да се сретнат бидејќи Осмајиќ доби повик од црногорскиот селектор Роберт Просинечки и на 14 октомври ќе биде во комбинација за дуелот со Велс чиј член е Бек.

Ова е втор ваков случај во англискиот фудбал откако во 2013 година Луис Суарез доби суспензија од 10 натпревари бидејќи го гризна фудбалерот на Челси, Бранислав Ивановиќ.